Потребно е:
околу 600 гр пилешко бело месо
350 гр шампињони
3 млади кромидчиња, ситно исецкани
2 чешниња лук, ситно сецкани
1,5 лажиче мелена црвена пиперка
2 лажичиња нишесте
3 лажици балзамико оцет
250 мл слатка павлака
350 мл вода
1 коцка за зеленчукова супа
сол, бибер
околу 100 мл масло за пржење
Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на подолги парчиња. Додадете им сол, бибер, мелена црвена пиперка, нишесте и измешајте за да подеднакво се распоредат зачините на сите парчиња месо.
– Вака подготвеното месо испржете го неколку минути на врело масло додека не добие убава златна боја.
– Додадете ги сецканите кромитчиња и лукот, а потоа и шампињоните исецкани на ливчиња. Продолжете со пржењето на малку појака температура додека печурките не пуштат течност, околу 10 минути.
– Потоа додадете ја водата и коцката за супа и динстајте уште 20-тина минути на средна температура. Сега додадете го балзамико оцедот и слатката павлака и ако има потреба уште малку сол и бибер.
– Динстајте уште околу 5 минути и јадењето е готово. Послужете го топло, а како прилог додадете сварен ориз или пак пире од компири.