Со малку поинаков и неодолив вкус …
Потребно е:
100 гр ориз
850 мл млеко
1 лажица путер
200 гр чоколадо за готвење
3 лажици шеќер
Подготовка:
– Чоколадото иситнете го со нож на помали парчиња. Оризот убаво измијте го и ставете го да се вари на тивко заедно со млекото и шеќерот во тенџере на рингла. Мешајте често за да не се залепи оризот за дното на тенџерето.
– Кога ќе се свати оризот и масата ќе стане како пудинг додадете го чоколадото и убаво измешајте. На крај додадете го и путерот и повторно измешајте.
– Тргнете го тенџерето на страна и оставете да се излади, а потоа сервирајте го во чаши или некои украсни садови.
– По шелба може да го посипете со печени лешници и сецкано чоколадо.