Чорба од брокула со крцкав леб

Од:

Здрава и многу вкусна домашна чорба …

Потребно е:
500 гр брокула
1 помала главица кромид, ситно сецкан
1 коренче магдонос, исецкано на тркалца
1/2 китка магдонос, ситно сецкан
1-2 чешниња лук, ситно сецкани
100 мл слатка павлака (без шеќер)
1 л зеленчукова или пилешка супа од коцка
сол, бибер
малку рендано морско оревче
малку ѓумбир во прав
маслиново масло

Подготовка:
– На малку маслиново масло кратко запржете го кромидот и потоа додадете ги сецканиот корен од магдонос и сецканиот на тркалца долен дел од брокулата. Досипете малку вода или од супата.

– Кога зеленчукот ќе омекне додадете сецкани листови од брокулата, лукчето, сецканите листови магдонос и брокулата издвоена на мали цветчиња. На крај сипете ја супата и варете неколку минути.

– Сега изблендирајте ја супата со рачен миксер и додадете ја слатката павлака.

– Зачинете со сол, бибер, морско оревче и ѓумбир.

– Сервирајте ја чорбата со печен леб и посипете ја со бибер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска