ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ќе го види конечниот суд на 15-ти октомври

Од:

„Изградбата на детската болница во Козле чинеше околу 7 милиони евра. За изминативе три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии истроши 334 милиони евра. СДС можеше со овие пари што ги подигна да изгради околу 40-тина современи болници кои ќе бидат од корист за граѓаните.

Нови болници нема, а ги нема ниту парите.

Каде испарија парите на граѓаните?

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса. Како одговор единствено добиваат само лаги од владата на неспособниот Заев.

Наместо да ги трошат народните пари, за да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, СДС со народните пари ги опремува кабинетите на министрите со скапи цвеќиња, вдомува партиски послушници, однесувајќи се недомаќински на секој можен чекор. СДС буквално ја исцеди државната каса.

Владата на СДС поради негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го види на 15-ти октомври, на претстојните локални избори кога Заев и криминалната врхушка околу него, жестоко ќе бидат поразени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат