(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Наместо да троши илјадници евра на луксуз, МНР треба да застане во одбрана на македонските интереси

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ денес во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ расипнички се однесувала со парите на граѓаните и дека трошеле пари од буџетот за набавка на цвеќиња и цветни аранжмани, додека од друга страна крателе за изградба на основни и средни училишта, реновирање на студентски домови, рурален развој и други инвестициски зафати.

– Никола Димитров за дома не си купува цвеќиња во вредност од 5.000 евра, но кога истите се плаќаат со народни пари не е проблем да се нарачуваат и еднаш месечно. Владата на СДС безсрамно ги троши парите на граѓаните на луксуз и непотребни работи, а крати на капитални расходи и проекти. На владата и се побитни цветните аранжмани на министерството за надворешни работи, отколку интересот на граѓаните. Очигледно Димитров и Заев сакаат просториите да им бидат убаво украсени, додека склучуваат штетни договори за Република Македонија и нејзините граѓани. 5.000 евра за цвеќе за СДС се малку пари кога тие не се нивни туку народни., рече Ѓорѓиев.

Тој рече дека Заев и Димитров наместо да се посветат на тоа како ќе го украсат министерството за надворешни работи требало да размислат како да го исправат договорот склучен со Република Бугарија, а кој во повеќе точки бил на штета на Република Македонија.

– Министерството за надворешни работи наместо да троши илјадници евра на луксуз, треба да почне да си ја работи работата за која што постои. Граѓаните од МНР очекуваат да застане во одбрана и да работи за македонските национални и државни интереси, а не да се луксузира на нивен грб. Заради ваквото неодговорно и расипничко однесување со парите на граѓаните и државните и национални интереси граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, заврши Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?