Набавени пумпи за вода во Крива Паланка, рестрикции нема да има

Од:

Потрошувачката на вода во Крива Паланка периодов е зголемена, а издашноста на изворите од Калин Камен е намалена. Јавното претпријатие „Комуналец“, одговорно за водоснабдувањето во градот, набави три пумпи за дотур на вода во системот со различна моќност поради што не се воведени, ниту се планираат рестрикции во водоснабдувањето.

Како што информира директорот Томе Тодоровски, две од пумпите се 22 киловата со можност за испорака на 16 литри во секунда, а една е 7,5 киловати со можност за испорака на три литри во секунда

– Издашноста на изворите од Калин Камен е намалена и изнесува 38 литри во секунда. Притисокот во системот за водоснабдување во одрени реони од градот по неколку часа, претежно во попладневните часови, е намален. Ова се должи на зголемената потрошувачка, но не и на рестрикции, изјави Тодоровски.

За продолжениот викенд, вчера и денеска, во пресрет на празничните денови, на градскиот базен е овозможено бесплатно разладување за сите граѓани и нивните гости.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка