Маж беше застрелан во Брисел синоќа откако со нож нападна двајца војници.
Инцидентот се случил околу 20.15 часот, по локално време, во центарот на Брисел, а напаѓачот, според наводите на бриселската телевизија РТБФ, за време на нападот врз војниците, извикувал „Алах Акбар“.
Белгиските медиумиј јавија, дека стаува збор за Сомалијец (30), кој претходно не и бил познат на полицијата како лице поврзано со тероризам.
Белгиското обвинителство соопшти дека напаѓачот, откако бил застрелан од страна на војниците, им подлегнал на повредите.
– Веруваме дека станува збор за тероризам, наведе портпаролката на обвинителството.
Нападнатите војници се полесно ранети – едниот на лицето, а другиот на раката.
Случајот засега се третира како терористички акт на поединец.
Белгискиот премиер Шарл Мишен на неговиот Твитер налог наведе дека безбедносните служби внимателно ја следат ситуацијата.