Делегација од ЛДП и АЛДЕ на средба со холандскиот амбасадор Пломп

Од:

Вчера, претседателот на Европските либерали, (Алијанса на либерали и демократи на Европа – АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент, Ханс ван Бален, заедно со претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот на ЛДП, минстерот Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Киријас остварија средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Воутер Пломш и заменикот на амбасадорот, Андри ван Мене.

На средбата се разговараше за евроатланските перспективи на Република Македонија и за напорите кои ги вложува новата реформска влада, како и за првичните резултати на Владата на Република Македонија за исполнување на агендата 3 – 6 – 9. Притоа, на состанокот беше истакнато дека Кралството Холандија е голем пријател на Македонија и силен подржувач на државата од осамостојувањето до денес, вклучително и поддршката од Ван Бален за ЛДП во насока на остварување на програмските цели и замисли, како дел од новата влада на државата.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

Пукање во Амстердам: Едно лице е повредено, осомничениот е уапсен

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Холандија го презема кинескиот производител на чипови поради притисок од САД

Шоф: Немаме докази, но мислиме дека Русите ги испратиле беспилотните летала

Холандија се закани: НАТО ќе соборува руски авиони