Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Суботица. Тој денеска во меч од 2. коло загуби од Марко Морони од Италија со 2-0 во сетови.
Ова беше втор меч на двајцата тенисери и Морони изедначи на 1:1 во добиени мечеви.
Морони двата сета ги доби со 6:3 и 6:2 во гемови во меч што траеше 1 час и 53 минути.
За пласманот во оваа рунда Јотовски ќе добие еден поен.
Нашиот тенисер следната недела е пријавен за настап на фјучрс турнир на Златибор.