СВР Тетово апелира да не се палат огнови на отворено

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово упати апел до излетниците, собирачите на шумски плодови, сечачите на дрва и сите кои, се движат, престојуваат или работат низ полето или шумите да не палат огнови на нивите или во близина на шумите.

СВР Тетово ги засили превентивните активности за спречување и законско санкционирање на пожарите, односно на нивните предизвикувачи.

Апелот доаѓа по последните два пожари кои се регистрирани во поширокиот полошки регион. Вчера наутро имаше пожар во атарот на горнореканското село Бибај, во месноста „Вран“. Таму беше опожарена е нискостеблеста шума на површина од околу 4.000 метри квадратни и 35 стебла бука и ела. Во вториот пожар, кој избувнал изутрината изгоре плевна и објектот на два ката, со 450 бали сено, девет тони пченица, осум тони детелина и градежни аметријали. Од пламенот оштени се и два возила.

– Вегетацијата е мошне сува и доволна е искра брзо да пламне огнена стихија. Ова дотолку повеќе што и за наредните денови се најавуваат високи температури од над 30 степени Целзиусови. Сите треба да бидат максимално внимателни и да не фрлаат опушоци и неизгаснати догорчиња, но и да не оставаат долго на Сонце лесно запаливи материи, рече Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На сопствениците на плевни и други помошни објекти во кои веќе се складира добиточна храна, сено, слама и друго, им се советува задолжително да ја проверат исправноста на електричните инсталации и да избегнуваат користење на печки во внатрешноста на објектите.

Од СВР Тетово потсетуваат дека предизвикувањето пожари од невнимание или намерно, претставува кривично дело за кое е предвидена и затворска казна, зависно од материјалните и други последици.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година