Обука на археолози за подводни истражувања

Од:

Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) го организира курсот „Европско научно нуркање“ на Охридското Езеро во рамки на кој ќе се врши обука на археолози од повеќе европски земји преку изучување напредни подводни техники и методи на археолошко истражување.

На крајот од курсот предводен од германски инструктори, учесниците ќе бидат тестирани од Комисијата за европско подводно истражување со што ќе ја стекнат најпрестижната лиценца во оваа научна сфера.

Во рамки на обуката ќе се изврши и мало истражување на наколната населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро, ќе се утврдат нејзините архитектонски обележја и ќе се селектираат примероци за дендрохронолошки анализи. Курсот ќе биде проследен и со неколку предавања поврзани со предисторијата во Македонија, така што странските учесници би се запознале и со македонското културно наследство.

– Организацијата на ваков настан е престиж за секоја институција што има за цел да ги следи најсовремените пристапи во науката и да ги имплементира во тековните и идните истражувања. Воедно претставува голема чест и одоговорност. Веруваме дека реализирањето ваква врвна обука ќе придонесе за создавање нови генерации на археолози што ќе ги применуваат најсовремените методи и техники, наведува ЦИП.

Покрај Центарот за истражување на предисторијата, во реализација на курсот учествуваат и Завод и музеј – Охрид, Капетанијата на пристаништата – Охрид и нуркачкиот клуб „Амфора“.

Би можело да ве интересира

На штипскиот локалитет Пилав Тепе откриена доцноантичка некропола

А1он

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост

А1он

Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

А1он

(ВИДЕО) Заев: Светот ќе го види Стоби во полн сјај по реставрацијата

Ана Ололовска

Нов археолошки наод во близина на Виничко кале

Емир Латифовиќ

Нови истражувања на локалитетот „Врбјанска Чука“

Емир Латифовиќ