Крводарителска акција во Куманово, собрани 60-тина крвни единици

Од:

Вонредна летна крводарителска акција вчера се одржа во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Крв даруваа приближно 60-тина граѓани. Акцијата беше организирана од Црвениот Крст-Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Бисера Ѓошевска од кумановскиот Црвен Крст изјави дека ова е втора крводарителска акција која се одржува во летниот период и дека бројот на пријавени крводарители, приближно 60 е очекуван.

– Обично во летниот период организираме две крводарителски акции и задоволни сме од бројот на учесниците во акцијата, изјави Ѓошевска.

Доктор Бојан Тодоровски од Институтот за трансфузиона медицина Скопје рече дека нема недостиг на крвни единици на ниво на државата, меѓутоа потребите за крв во летниот период, како што посочи, се зголемени имајќи ги предвид зголемениот број на сообраќајни несреќи, пожари и различен тип на повреди.

– Со тоа и интензитетот на акциите во летниот период се зголемува, се додаваат вонредни акции по потреба како што е денешната.Се трудиме во секој момент да ги покриеме потребите за крв и крвни продукти, изјави Тодоровски.

Тој истакна дека Институтот за трансфузиона медицина оставрува одлична соработка со вработените во реалниот сектор, со вработените во АРМ, полицијата, граѓанските организации.

Според него на повиците за учество во акциите има голем број учениците и студентите.Тој ја оцени денешната акција како успешна и ги повика граѓаните и понатаму да бидат хумани и да учествуваат на акциите.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда