(ВИДЕО) Тевдовски: Од ИПА фондовите досега се изгубени 119 милиони евра

Од:

Владата ќе изработи нов мастер-план кој ќе биде поделен во три етапи за поефикасно користење на ИПА средствата, информираше вице-премиерот за европски прашања, а воедно и координатор за ИПА фондовите, Бујар Османи.

Според него, ИПА фондовите за оваа година не се целосно програмирани, односно недостасуваат 150 милиони евра или 25 отсто од средствата кои треба да бидат пренаменети за други проекти.

– Првиот предизвик е искористување на средствата наменети за оваа година, кои владата треба да ги прераспредели, во спротивно овие проекти ќе мора да бидат финансиски потпомогнати од буџетот на Република Македонија, рече Османи.

Министерот за финансии Драган Тевдовски изјави дека средствата од ИПА фондовите се од огромно значење и помош за Република Македонија и потребно е да се води поголема грижа околу оваа поддршка од Европската Унија.

Тевдовски информираше дека досега од ИПА фондовите се изгубени 119 милиони евра и од огромна важност е финансиите да се распределат на вистинско место со цел максимално да се искористат дадените средства.

Европската унија финансиски ја потпомага Република Македонија досега преку два ИПА пакети. ИПА 1 пакетот од 2007. до 2013. и ИПА 2 пакетот од 2014. до 2020.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економијa тврди Владата