Проштална средба на Никола Димитров со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа

Од:

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа.

Министерот Димитров, најостро го осуди грозоморниот терористички чин што изминатата недела се случи во Барселона, изразувајќи солидарност со пријателска Шпанија и сочувство до семејствата и блиските на настраданите.

На средбата беше направен кус преглед на досегашниот развој на билатералните односи при што беше констатирано дека постои простор за натамошно унапредување на политичкиот дијалог, а беше потврдена и заемната заложба за развој на соработката на економски план.

На крајот, министерот Димитров му посака успех на амбасадорот Абароа во неговиот натамошен професионален ангажман.

Би можело да ве интересира

Се обидоа да влезат во резиденцијата на Санчез, илјадници луѓе бараат оставка од шпанскиот премиер

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он

Мадрид: Ескалацијата се заканува да ја потресе целата планета