А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НВО „Инклузива“: Пристапноста на гласачките места ќе може да се провери на веб-страната на ДИК

by А1он21/08/2017 - 13:14388
Share0

Тимови на Државната изборна комисија (ДИК), Општинските изборни комисии, граѓански организации кои работат на остварување права на лица со попреченост и надлежни од Центрите за социјални работи, од 8 до 18 август, извршија увид и проценка за пристапност до гласачките места на лицата со попреченост на територијата на државата.

Добивај вести на вибер

Оваа активност се реализираше по препорака на граѓанските организации, меѓу кои и кумановското Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“. Препораките за полесен пристап до гласачките места за лицата со попреченост се дел од проектот „Учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Република Македонија“.

– Тимови од ДИК, „Инклузива“ и останати надлежни институции и невладини организација, на терен ја испитуваа физичката пристапност до гласачките меса. По проценката на официјалната страница на ДИК, лицата ќе можат да пронајдат податоци дали местото е пристапно. Доколку теренот не е пристапен, ќе имаат можност навреме да поднесат пријава за гласање во домашни услови, изјави Благица Димитровска, од „Инклузива“.

Истражувањето што минатата година го спровеле тимови на граѓанските организации покажуваат дека 63 отсто од гласачките места во северо-источниот регион се непристапни. Вкупно, во полошкиот и североисточниот 57 отсто од гласачките места се непристапни. Во пресрет на изборите, од „Инклузива“ бараат ДИК да обезбеди достапност до нивната веб-страна и информациите од јавен карактер, за лицата со попреченост. Меѓу барањата кои ги упатува оваа организација се и параваните да бидат стабилни, повисоки да се обезбеди тајност при гласањето за слепи лицата на гласачките места, онаму каде има лифтови, на денот на гласање да се стават во функција, на секое гласачко место да се постави визуелен, сликовит приказ, за начинот на гласање…

– На претходните избори утврдивме дека вистината на параванот е мала и се губи тајноста на гласањето. Во однос на гласачките кутии бараме една да биде пониска, за да може лице во количка само да го пушти гласачкото ливче. Во однос на придружник при гласање, бараме да гласа лице од доверба, но во најава е дека ДИК ќе преземе и активност слепите лица да се овозможи да гласаат самостојно, односно ќе се направи папка каде ќе се вметне гласачкото ливче, а истото ќе биде на брајово писмо, нагласи Димитровска.

Од „Инклузива“ апелираат до политичките партии во своите редови да ги вклучат лицата со попреченост, бидејќи досегашните истражувања покажале дека од осамостојувањето на Република Македонија, многу ретко се случило вакво лице да стане советник или пратеник.

dikinkluziva

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Предраг Петровиќ12/11/2025 - 16:44

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски06/11/2025 - 11:2306/11/2025 - 13:23

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 18:4702/11/2025 - 18:48

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 10:0802/11/2025 - 11:59

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 15:58

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

Горан Наумовски31/10/2025 - 14:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен