ВМРО-НП Тетово: Тетово е пример за класично избегнување на основите принципи на Охридскиот рамковен договор

Од:

„Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово упатува остра реакција до министерот за Здравство, г-динот Таравари по повод непочитувањето на Охридскиот рамковен договор.

Ако во договорот стои дека основно начело е правичната застапеност тогаш Тетово е пример за класично избегнување на основните принципи од Охридскиот рамковен договор, кога се во прашање Македонците.

Имено, почитуван министре Ве прашуваме, зошто во Клиничка болница, Здравствен дом, Завод за здравствена заштита и Фондот за здравство немате назначено барем еден директор – Македонец во овие институции?

Доколку Тетово е мултиетнички град, тогаш се прашуваме, дали Вие знаете дека тука живеат Македонци и дали со ваков однос придонесувате за непочитување кон нив?

Воедно на крајот постои уште едно прашање кое не става во дилема, зошто цело ова време молчат општинските комитети на двете најголеми партии од македонскиот блок?“ се вели во соопштението на ВМРО-НП Тетово.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски