Регионалната платформа за слобода на медиуми го осуди нападот на косовскиот новинар Олури

Од:

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите, која претставува повеќе од 7.800 членови на новинарски здруженија од регионот, го осуди нападот врз косовскиот новинар Парим Олури.

Платформата, во која членува и Здружение на новинари на Македонија очекува од властите на Косово да дејствуваат брзо, да ги идентификуваат тројцата напаѓачи и да ги казнат соодветно. Истовремено ги повикува меѓународните организации кои се фокусирани на заштита на слободата на печатот и правата на новинарите да го побараат истото.

– Преку својот систем за мониторинг, ќе го следиме развојот на овој случај и во наредниот период ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни институции за конечните заклучоци, се вели во заедничката изјава.

Здруженијата на новинарите од регионот потсетуваат дека Олури и неговата свршеница беа нападнати на 16 август во Приштина, додека влегувале во нивната зграда од страна на три маскирани лица. Олури верува дека нападот е поврзан со неговите неодамнешни новинарски објави.

Олури е директор на insajderi.com, онлајн портал и е добитник на многу награди за неговата работа. Како што тврдат од Здружението на новинарите на Косово (AJK), Олури немал лични конфликти со никого и се убедени дека инцидентот е поврзан со неговата работа.

Здруженијата од регионот потсетуваат дека на Косово во 2017 година се регистрирани девет случаи на притисок, вербални закани и физички напади, вклучувајќи го и последниов напад врз Олури.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина