Базен во новото училиште „Капиштец“

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, даде налог во новото современо училиште, кое се гради во Капиштец, да се изгради и базен, соопштија од општина Центар.

Децата кои наставата ќе ја посетуваат во ООУ „Капиштец“, ќе можат да се рекреираат во базен кој ќе се гради во рамките на училиштето.

Базенот ќе биде изграден со најсовремен материјал и ќе  има здравствена и хигиенска безбедност според европски стандарди, со секојдневни бактериолошки испитувања на водата. Базенот, кој ќе биде со димензии 12 на 10 метри и длабочина од 0,80 до 2,10 метри, ќе  има соблекувална, тушеви,  просторија за вежбање, а водата ќе биде редовно контролирана.

Ова е едно од барањата на жителите на најголемото населено место Капиштец, на средбите со градоначалникот Жерновски.

Учениците, базенот ќе го користат до 15 часот бесплатно, а во слободните термини ќе можат да се рекреираат и деца од населбата. Во текот на летниот период, учениците од населбата ќе можат слободно да го користат базенот за освежување и рекреација.

Од друга страна, два пати неделно ќе има часови и за децата со церебрална парализа,  кои ќе бидат сместени во ова училиште. Општината ги разгледува можностите, во договор со Министерството за труд и социјална политика,  да се овозможи рекреација и за други деца со посебни потреби. За првпат на балканските простори ќе има инклузија на децата со посебни потреби, за нив  во училиштето ќе биде предвиден простор со посебен влез и простор за сместување.

Школата за  пливање и професор по пливање се идеите за кои ќе се разговара со родителите  и надлежните институции.

Најсовремено училиште на овие простори, чија градба е во тек, покрај ботаничката градина , пространи посебни кабинети , огромниот хол,  фискултурната сала и богата засадена флора, со ова ќе добие уште подобра содржина од претходно одобрениот проект, велат од општината.

Би можело да ве интересира

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите, најави дека ќе тужи за клевета

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Амбасадорот Жерновски повикан на консултации кај министерот Муцунски

A1on

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on