Писмо со сочувство од Иванов до кралот Фелипе за терористичкиот акт во Барселона

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска испрати писмо со сочувство до Неговото величество, Фелипе VI, Крал на Кралството Шпанија, по повод терористичкиот акт во Барселона.

– Со шок и огорченост ја примив веста за бруталниот терористички акт во Барселона во кој животот го загубија недолжни шпански и странски државјани, а голем број се здобија со тешки повреди и трауми од ужасниот напад. Вознемиреноста од оваа жална вест е уште поголема поради тоа што и граѓанин на Република Македонија е меѓу тешко повредените лица од истиот крвнички акт, пишува Иванов во писмото со сочувство.

Во овие тешки моменти на огромна жалост, претседателот Иванов, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име упатува изрази на најискрено и длабоко сочувство.

– Република Македонија најостро ги осудува ваквите подли акти на насилство врз невини луѓе и изразува сочувство и солидарност со земјите кои се погодени од ваквиот грозоморени кукавички чин на тероризам. Ова е глобално зло со кое сите имаме обврска да се бориме, имаме одговорност да го превенираме, спречуваме и искорениме за да не страдаат недолжни и невини животи. Ваквиот ужасен настан е потсетување дека мораме да вложуваме колективни напори за спречување на сите форми на насилен екстремизам и тероризам, и да не дозволиме нашите вредности, демократијата и слободата, да бидат мета на заканите и ризиците од тероризам, страв и омраза, наведува претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата