ДОМ: Европските Зелени со поддршка на борбата против загадувањето од рудниците

Од:

Делегација на Европските Зелени предводена од ко–претседателот и европратеник Рајнард Битикофер, ќе биде во посета на Р.Македонија од 20 до 22 август 2017година. Заедно со него ќе бидат и членовите на Извршниот комитет на Зелените, Орас Тикен и Томас Ваиц.

Европските Зелени доаѓаат на покана од сестринската партија ДОМ за да ја поддржат борбата на ДОМ и на сите еколошки граѓански иницијативи против отварањето на рудници во југоисточниот дек од земјава, кои се штетни за здравјето на населението и кои може сериозно да ја загадат животната средина.

За ова проблематика ќе стане збор на конференцијата насловена: „Искуството на Eвропските зелени во борбата против загадувањето од рудници″, што ќе се одржи на 22 август (вторник) во Холидеј Ин со почеток во 10:30 часот. Поканети се граѓански активисти од цела Македонија, експерти и претставници од соодветни институции.

За време на посетата делегацијата на Европските Зелени непосредно ќе се запознаe и со ефектите од спроведувањето на демократските реформи според Извештајот на Прибе, како и со подготовките за Локалните избори. Високите претставници на Европските зелени ќе остварат средби и со раководствата на ДОМ и МОДОМ , со претседателот на Владата Зоран Заев, со министерот за животна средина Садула Дураку, со претседателот на Обединетата партија за еманципација на Ромите, Неждет Мустафа, како и со повеќе експерти и граѓански активисти од областа на екологијата, човековите права, меѓународните односи и младинските политики .

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид