Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Од:

Гостиварската муфтинија ги привршува подготовките за овогодинешното заминување на аџилак. Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 217 лица.

Идните аџии, деновиве привршуваат со обврските меѓу кои е и задолжителното вакцинирање.

– Освен вакцините и превентивата против заразни болести кои ги има во земјите во кои ќе престојуваат, лицата ќе добијат и напатствија и препораки како да си го сочуваат здравјето. Аџиите ги информираме и на обврската по враќањето да се јават на задолжителните контроли. Здравствениот надзор го вршиме на колера кој трае 5 дена, како и мерс корона вирусот, две недели, вели прим. д-р Воислав Огњаноски, раководител на епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Гостивар.

Тргнувањето е закажано за 26 август, а идните аџии во наредните дваесетина денови ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекари и теолози. Втора година по ред, на аџилак од Македонија се оди единствено преку ИВЗ, која ги обезбедува сите документи за виза, престој и авионски билети, информираат од гостиварската муфтинија.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли