Владата бара Македонска пошта да ги намали непродуктивни трошоци

Од:

АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје треба да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата.

Тоа е одлучено на вчерашната владина седница, на која се дискутирало и се усвоени Извештајот за финансиското работење на ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е Финансискиот извештај и Извештајот за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје. Со владина одлука ги одобрила годишните сметки за финансиското работење на двете јавни претпријатија и нивниот финансиски извештај, соопшти владината служба за информирање.

Владата го разгледала и финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари – март годинава. На ЈПДП, со одлука на Владата, му е наложено да одреди надзорен орган и рокови во кои ќе изврши надзор над извршените работи од градежните компании, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски