Парламентот на фламанскиот регион во Белгија оддели половина милион евра за финансирање хумористични емисии, со цел исмејување ја пропагандата на ексремистички организации како Исламска држава, јави телевизијата Ер-Те-Бе-Еф.
Предвидено е да се снимат повеќе видеа, секој со буџет од околу 50.000 евра за животот на борците на ИД и за другите терористи во Европа.
Авторите на иницијативата се инспирирани од британскиот скеч „Вистинските жени на ИД“, во кој се прикажани дијалози меѓу сопругите на терористите.
Во една од епизодите на „Вистинските жени на ИД“ една од жена се жали на пријателките: „Девојки до следната јавна егзекуција остануваат само три дена, а јас не знам што да облечам. А, друга жена наведува: „Али ми купи нов гердан! Тој е долг околу 2,5 метри и со него можам да излегувам од дома. Тоа е прекрасно!“.
Белгискиот проект е пилот, ако има успех ќе продолжи снимањето.