(ВИДЕО) Богоев: Скандалозната пресуда за Дејан Митревски Урко е доказ за потребата од итни реформи во судството

Од:

Пратеникот Стефан Богоев од редовите на СДСМ, денеска пред партиското седиште одржа прес-конференција на која што рече дека е скандалозна пресудата со која поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски-Урко е осуден на условна казна за сообраќајна несреќа со смртни последици на едно младо момче и според него ова било уште еден доказ дека поданиците на поранешниот режим се уште се привилегирани и над законот.

– Очигледно е дека Сваровски судиите се уште работат во одбрана на криминалот и злоделата на поранешниот режим. Одлуката за условна казна за сторител на тешко дело против безбедноста во сообраќајот, со смртни последици на младо момче докажува дека е потребна итна професионализација и ослободување на судскиот систем. Токму затоа, неопходно е итно спроведување на започнатите реформи во судството за никогаш повеќе да не се повторат вакви скандалозни случаи каде што поединци ќе бидат над законите само затоа што се блиски до една или друга политичка партија. Македонија ќе биде правна држава во која правдата ќе важи за сите подеднакво, а судството ќе работи професионално, независно и неселективно, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид