На подрачјето на општина Куманово во среда и четврток ќе се изврши третирање против крлежи.
Како што соопшти комуналниот редар од општина Куманово Гордан Таневски, со третирањето против крлежи ќе бидат опфатени јавните зелени повешини, градскиот кеј, парковите и плоштадите.
Површините кои ќе бидат третирани ќе бидат видно обележани и од општината апелираа до граѓаните на тие места да не се задржуваат подолго и да не ги шетаат домашните миленици, особено во периодот непосредно по завршување на третамнот. Целта на ваквиот третман е да се спречи ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат крлежите.
– Општина Куманово годинава за дератизација, дезинскеција и дезинфекција одвои 600.000 денари. Тендерот за третирање против крлежи го доби фирмата „Плант Медика“ и третманите се вршат два пати годишно, напролет и наесен. Сепак, мора да потенцираме дека првичното најавено прскање против крлежите ќе се спроведе само ако тоа го дозволат временските услови, доколку не, тогаш ќе се одложи за нареден ден, за што навремено ќе бидат информирани граѓаните, изјави Таневски.