Федерер против Зверев во финалето на Мастерсот во Монтреал

Од:

Швајцарецот, Роџер Федерер и Германецот Александар Зверев, ќе играат во финалето на АТП Мастер турнирот во Монтреал.

Ова е епилогот по одиграните полуфинални мечеви во кои Федерер го совлада Робин Хасе во два сета со 6:3 и 7:6.

Со тоа Федерер ја продолжи победничката низа оваа сезона и се уште нема загубено меч на турниртите од Мастерс и Грен слем серијата.

Швајцарецот од почетокот на годината победи на Мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс, а ги освои и Грен слем титулите во Австралија и на Вимблдон.

Противникот на Федерер во финалето Александар Зверев во полуфиналето го победи 18-годишнит домашен тенисер Денис Шаповалов со 6:4, 7:5 кој претходно ги елиминираше Дел Потро и Надал.

Финалето во Монтреал се игра вечерва од 22 часот.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Зверев е на чекор до претекнување на Ѓоковиќ

Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Алкараз: Секој меч со Зверев е голема битка

Горан Наумовски