Изгореа куќа, две плевни и шума во Крива Паланка

Од:

Изминатите 24 часа на подрачјето на Крива Паланка се случиле два пожари, од кои едниот се уште не е ликвидиран.

Од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка информираат дека во едниот пожар, кој избувнал вчера околу 17 часот, во село Длабочица, опожарена е вкупна површина од девет хектари, додека рано утринава избувнал пожар во село Градец, каде се опожарени два хектари шума, бор и листопадни дрвца.

Во гасењето на двата пожари активно се вклучени и екипи на Јавно претпријатие Македонски шими и Подрачно шумско стопанство „Осогово“.

– Во пожарот во Длабочица опожарени се една куќа, две плевни, бандери, родни дрвца околу три декари и останата површина мешана шума и сува трева. Пожарот е локализиран околу 21 часот синоќа, но дел од старите дабови се уште горат. Екипи на ЈП „Македонски шуми“ дежураа во текот на ноќта и нашите пожарникари, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Посочи дека екипите се уште се на терен и работат на целосна ликвидација на пожарот, додека пожарот во село Градец, на локација спроти градската депонија целосно бил ликвидиран во 9 часот утринава.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот