Седница на Државната изборна комисија

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва одржува седница на која, меѓу останатото, треба да расправа за Предлог финансискиот план за распределба на средства за избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје на 15 октомври годинава, како и за Предлог – одлуката за утврдување на потребата од формирање на помошни тела на ДИК за спроведување на локалните избори.

На дневен ред на седницата се и Предлог одлуката за ангажирање лице во помошните тела на ДИК за спроведување на претстојните локални, барањето за добивање овластување за набљудување на локалните избори поднесено од Граѓанската асоцијација МОСТ од Скопје.

Пред членовите на ДИК се и Известувањето за содржината на ЦД примено вчера од Министерството за внатрешни работи, и Информацијата за состојбата со бројот на запишани гласачи во Избирачкиот список за општина Валандово за референдумот на локално ниво, кој ќе се одржи на 20 месецов.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања