Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска вети дека до крајот на годината ќе обезбеди финансиска помош од 50 милиони евра за борбата со шверцот на луѓе во Средоземно Море и факторите кои ги тераат мигрантите да заминуваат за Европа, пренесе ДПА.
Меркел изјави дека со финансиската помош ќе се поддржат операциите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
-Оваа работа не треба да пропадне од финансиски причини, изјави таа на заедничка прес конференција во Берлин со високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, и генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Лејси Свинг, кои ги пофалија нејзните напори за справување со миграциската криза во Европа.
Свинг и заблагодари на Меркел за нејзиното смела и далекувида одлука од 2015 година за отворање на границите на Германија за стотици илјади мигранти и бегалци.