Средба на Заев со претставници на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со претставници на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, претседателот Бранимир Јовановски, Софка Прчева, генералната секретарка и Драган Дојчиновски, секторски раководител.

Претставниците на Сојузот ги поздравија определбите на премиерот Заев и на Владата за вклучување на лицата со инвалидност во општетството и политиките за обезбедување еднакви шанси за сите граѓани во Македонија.

На средбата беа изнесени проблемите со коишто се соочуваат овие граѓани со години поради незаинтересираниот однос на државата, при што се договорени активна и континуирана соработка со новата Влада, како и промени со цел подобрување на нивниот квалитет на живот.

„Подготвени сме да ги вклучиме граѓаните со инвалидитет во општествените процеси и да овозможиме активно да учествуваат во општествениот развој“ рече премиерот Заев.

Претставниците на Националниот сојузна лицата со телесен инвалидитет се задоволни од соработката со Министерството за труд и социјална политика и нивната вклученост при носењето на измените за Законот за социјална заштита, а на денешниот состанок со премиерот Заев беше договорен и состанокот новиот директор на Фондот за здравство со цел изнаоѓање соодветни решенија за посочените проблеми.

Претставниците на Националниот сојуз на лицата со инвалидитет се пожалија на пречки да користат современи ортопедски помагала, преку доплата, можност што ја имале, но им била ускратена, на архитектонски бариери, поради што не можат да извршуваат секојдневни обврски и активности во институциите, на недостапност на училиштата, поради што многу деца со инвалидност остануваат без соодветно образование.

На средбата се разговараше за можностите за адаптација на училиштата и детските игралишта според потребите на децата со инвалидитет и со посебни потреби, околу буџетските потреби на организациите на лицата со инвалидност и можноста за зголемување на буџетот за помагала. Исто така отворен беше и проблемот со долгогодишната запоставеност на Домот Даре Џамбаз, каде што се сместени најголем број од организациите на лицата со инвалидност и посебни потреби и можноста за обезбедување финансиски средства за обезбедување лифт, за што беше изразена лична заложба од премиерот Заев.

„Како Влада определени сме да градиме општество на еднакви граѓани и Владата подава рака кон лицата со инвалидитет и кон граѓанските организации за соработка со цел надминување на посочените проблеми“, рече претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на средбата со претставниците на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија