Силите на либискиот фелдмаршал Халифа Хафтар убија десетици борци во специјална операција, извршена во источниот либиски град Дерна.
Таканаречената Либиска национална армија соопшти дека нејзиниот специјален оддел извел операција во населба во западниот дел на Дерна.
Во акцијата бил нападнат магацин со оружје на групата што е поврзана со Ал Каеда, „Совет на муџахедините во Дерна“.
Дерна пред околу четири години беше заземена од страна на оваа радикалната група и се уште е единствениот град што е под нивна контрола во источниот дел на Либија.