Трајковски и Маслино нови имиња во ростерот на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром постигна договор со уште двајца македонски репрезентативци (сениорски и јуниорски): Бојан Трајковски (30 години, 208 сантиметри) и Андреј Маслинко (20 години, 208 сантиметри). Двајцата играчи ќе треба да бидат едни од главните играчи под кошевите во играта на новиот тренер Александар Тодоров во претстојната сезона.

Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина. Маслинко, пак, доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.

Претходно, во „сино-белиот“ табор пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија, како и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ. Од минатата сезона, пак, под договорна обврска се уште и репрезентативците Марко Симоновски и Адем Мекиќ.

– „Аеродромци“ во новата сезона ќе настапуваат во АБА-лига со 12 екипи, како и во домашното првенство. Оваа сезона МЗТ Скопје почнува од самиот старт во домашната лига за разлика од лани кога во првиот дел од шампионатот не играше поради настапот и во Еврокупот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он