Дунавските острови – малку познати и посетувани, но валкани

Од:

БТА – Софија

Дунавските острови се малку посетувани и познати. Тие се уникатен дел од дунавскиот екосистем, настрана од цивилизацијата, од присуството на луѓето. Проблемот е што делови од нив се загадени со отпадоци. Тоа во интервју за БТА го изјави претседателот на туристичкот друштво „Приста“ од Русе, Сашо Попов.

Некои од островите се користат за стопански цели. Таму, на пример, се засадени шуми од тополи за дрвена маса. Но останатиот дел од островите се диви – простори џунгли кои се на дофат на раката до нас, достапни со чамци. „Може да се видио недопрената природа – со птиците, со животните, со трагите по песокот од видри, со вегетацијата. Друга убавина се прекрасните песочни плажи. Кога ќе падне нивото на реката Дунав, покрај некои од островите се откриваат големи убави песочни плажи – со пофин песок дури и од морскиот. Водата е бистра, нема тиња и кал, и е совршена за капење. Сета таа убавина природата ја заштитила поставувајќи водена бариера. Достапот е ограничен и е сам,о за луѓе кои имаат посебен однос кон реката“, раскажува Попов.

Рибарите исто ги користат островите – за нив тие се рај. Доживувајќи ја убавата природа, тие таму си го практикуваат хобито.

Заради големата влажност на дивите острови набујала многу разновидна вегетација. Има зелен тепих од секакви растенија кои сакаат влага. На катови се распоредени различни видови птици. „Најгоре на пирамидата е морскиот орел, кој всушност е речна птица. Има десетина двојки кои се гнездат на бугарскиот дел на реката Дунав. Тој е варот во птичјиот свет. Најмногубројни се кормораните, речните галеби, пеликаните. Има диви свињи, срни, многу видри по брегот чии траги ги гледаме по песокот. Меѓу некои острови водната врска со копното преку лето пресушува и така преку каналот слободно се движат животни“, објаснува претседателот на туристичкото друштво.

Доброволни акции за чистење на островите

– Нашата традиционална дејност по Дунав како туристичко друштво е да организираме пловење со кајаци. Гледајќи ги тие прекрасни места, но и отпадоците кои реката ги исфрлила по бреговите, решивме дека треба да започнеме со нивно чистење. Како треба да се случи тоа – треба таму да отидат група луѓе, да направат ланец, да се разделат еден од друг и во вреќи да ги собираат отпадоците. Не секој турист дошол до таа идеја – освен шетање од задоволство низ природата треба да има и чистење на таа природа“, вели Попов. Тој наведува пример дека за чистење на градовите е одговорна општината, но за островите никој не е надлежен – всушност, има пракса тие да не се чистат од никого.

– Одлучивме да одговориме на тоа. Така направивме пробна акција и видовме дека има навистина извалкани терени – островите Мишка, Безимен остров, Љујака, Батин, Алеко, објаснува Попов. За да се реализира чистењето, неопходни се финансиски ресурси. Тие аплицирале за проект и добиле средства во 2015 и 2016 година, и ги организирале првите доброволни акции. Во нив се вклчучиле луѓе од повеќе градови во Бугарија. Доброволците собрале повеќе од 900 камиони со отпадоци само во првите шест месеци – од куни до декември 2015 година. Учествувале 156 души. Отпадоците биле собиране одделно и потоа одвезувани со моторни чамци до брегот, а од таму – со камион до пункт за рециклирање или депомија. Меѓу собраните отпадоци преовладувале пластичните шишиња. Исто имало и стаклеми предемти, како и канти од гориво.

Еден од главните цели на проектот „Заедно за одржлив развој на дунавските острови“ е повеќе луѓе да обрнат внимание за проблемот со загадувањето и да се вклучат во негово решавање, како и да се зголеми информираноста за биоразноликоста и можноста за туризам на островите по реката Дунав. Попов раскажува дека продолжиле да организираат акции и по завршувањето на проектот. Потоа пак аплицирале и повторно добиле средства. Тој проект, иако е помал од претходниот, бил испаниран со повеќе акции. Првата се реализирала на почетокот на јули годинава и привлекла многу голем интерес.

– Со чамци се пуштивме од Свиштов. Застанавме на островот Вардим, а потоа стигнавме и до островот Љуљака покрај Русе. Така за два дена органзииравме чистење и ноќевавме крај устието на реката Јантра. Счледнмата акција ќе се одржи есенва“, објаснува Попов. Според него, островите не се пренаселени – туристите и рибарите кои одат таму се многу малку на број, и тоа преку викендите. Загадувањето не е од нив, туку од отпадоците кои плутаат по реката, кои реката „ги собрала“ од дивите депонии по брегот. Друг фактор се бродовите, дополнува тој.

– Имам чувство дека масовна пракса воп нашите води сите бродови – и бугарски и странски, да ги исфрлаат отпадоците во Дунав. На островите наоѓавме пакувања од прехранбени производи, канти од масла, од препарати за перење, чевли, стаклени шишиња. Два пати дури најдовме и фрижидери, објаснува Попов. Тој вели дека се забележува и браконеверство по дунавските острови, но тоа не е толку масовно и очигледно како покрај каналите. „Наоѓавме и фрлени забранети рибарски мрежи – винтери“, дополнува тој.

Преспективите за дунавските острови во бугарското општество

Претседателот на туристичкото друштво „Приста“ коментира дека за запад од Бугарија – во Србија и Унгарија, – ја развиле инфраструктурата и ги вклучиле островите како зони за одмор. „Но ако се претера во таа насока, ќе биде уништена недопрената природа и ќе добиеме туристички парк со поплочени патеки. Нашите острови се во сосема друга крајност – тие се целосно диви. Треба да се зачува природата во нејзиниот најчист вид, вели Попов.

Тој објаснува дека островите како живи екосистеми се преместуваат – од едниот крај на водата се повлекуваат, а на другиот се натрупуваат. На некои места се појавуваат сосема нопви острови, други постепено се намалуваат, некои се приближуваат кон брегот, иако е тоа многу бавен процес, но очигледен. Заа една генерација се забележува промената. На пример, пред повеќе години островот Љуљака крај Русе бил со многу голема песочна ивица на горниот дел, а сега таа е во долниот.

За да се отиде на некој дунавски остров, туристот треба да може да весла со чамец или да има кој да ги пренесе до таму. Потребна е и облека за сонце, ветер и дожд. Попов објаснува дека во најголемата жега е најдобро да се биде во бела облека со долги ракави и со шапка со широк обод. Потребна е и крема за заштита до сонце – „на вода сме, тоа е исто како огледало, силното сонце директно свети во нас, но тоа го прават и сончевите зраци кои се одбиваат од водата. Задолжително е да се има и вода за пиење, храна и прирачна аптека со најхеопходното – завој, фластери, сресдство за дезинфекција и неколку видови лекарства за прва помош. Вашно е да се има и обувки за плажа. Според него, единствено комарците прават проблем и затоа за нив се потребни средства за бркање. Тие излегуваат во одредено време и оној кој знае како треба, ќе си остане во својот шатор.

Попов вели уште и дека има места каде фарватерот (патот за пловење) по реката по кој се движат бродовите минува многу блиску до бреговите на некои од островите. „Да зе умее да се вози кајак, да се има завој и фластер, средства за бркање комарци, и кој го нема тоа и не ги познава познатите знаци за пловење со кроаби, може да се најде во опасна ситуација затоа то може да биде повреден од некој пловечки објект, објаснува Попов. Тој вели дека за среќа досега немало такви инциденти. При тргнување кон некој остров, треба да биде известена „Морската администрација“ а таа ги информира капетаните на бродовите дека на одредени места ќе има чамци и кајаци. Покрај тоа, во групата секогаш мора да има лиценциран возач на мало бротче, а таква дозвола има и Попов. Така внимаваат на безбедноста.

Туристичкото друштво „Приста“ организира секој месец групни патувања, вели Попов и прецизира дека ако некој има желба да посети дунавски остров, најлесен начин е да се вклучи во група која постојано го прави тоа и има искуство. Попов потсетува на непишаното правило – нема лошо време, туку има лошо подготвени туристи.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска