Минатата година била „црна“ за климата, регистрирани се рекорди на температури и нивоа на океаните и на емисиите на штетни гасови, се наведува во годишниот извештај за состојбата на климата.
Планетата продолжува да се затоплува и нема знаци на забавување на тој процес, наведуваат околу 500 научници од над 60 држави.
Неколку клучни индикатори како температурите, нивото на океаните и емисиите на штетни гасови исто ги надминале рекордите од 2015 година.
– Температурните рекорди од лани се должат на комбинација од тенденции за долгорочно затоплуавње на климата и силниот интензитет на Ел Нињо во почетокот на годината, се вели во извештајот на Американската управа за океанографски и атмосферски истражувања и Американското метеоролошко здружение.
Во извештајот се додава дека глечерите во светот се намалиле 37-ма година по ред. Лани тие се топеле во просек по окоу еден метар. Регистрирани се и поројни дождови и суша како и тропски циклони.