ИОМ: Над 50 илегални мигранти се удавија во близина на брегот на Јемен

Од:

Околу 180 етиописки и сомалиски мигранти утрово биле принудени од криумчарите да скокнат во Арапско Море и се претпоставува дека 55 од нив се удавиле, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

– Видовме пет тела и можам да ја потврдам нивната смрт. Педесет лица се уште се одат како исчезнати, но претпоставуваме дека тие се удавиле, истакна портпаролката на ИОМ, Оливија Хеден.

Таа истакна дека тоа може да биде нов тренд, криумчарите кога ќе се најдат во опасна ситуација илегалните мигранти да ги оставаат во близина на брег.

ИОМ наведува дека тоа е втор случај во последните два дена. Во близина на брегот на јеменската провинција Шабуа вчера криумчарите принудиле 120 луѓе да го напуштат бродот, а 50 од нив се удавиле.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ