Во оригиналниот рецепт за табуле салата наместо тарана се користи булгур. Оваа салата е многу освежителна и вкусна. Ви препорачуваме да ја направите со домашно одгледани домати или кога тие се во сезона – така салатата ќе биде уште посочна и повкусна.
Потребно е:
1 чаша (250 мл) тарана
2 свежи домати, исецкани на ситни коцкички
1 младо кромидче, исечкано многу ситно
1 китка магдонос, ситно сечкан
неколку ливчиња нане, ситно сечкани
сок од половина лимон
4-5 лажици маслиново масло
сол и бибер
Подготовка:
– Сварете ја тараната. Ставете ја во длабок сад и помешајте ја со сите горенаведени состојки.
– Ставете ја во фрижидер и оставете да се олади најмалку еден час, пред да ја сервирате.
– Сервирајте во чинија, со ливчиња магдонос и парче лимон.