Со одлука на Владата 150 милиони денари за ЈП „Македонија пат“

Од:

Јавното претпријатие „Македонија пат“ ќе добие 150 милиони денари со планираните измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта.

Тоа е одлучено на вчерашната седница на Владата, која разгледа Информација за решавање на проблемите во Јавното претпријатие за државни патишта и во Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Донесена е одлука претпријатијата да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150.000.000 денари за потребите на ЈП „Македонија пат“, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од министерствата за транспорт и врски, и за финансии, и од Државната комисија за спречување на корупцијата, соопшти владината служба за информирање.

Владиниот кабинет разгледал и информација за формирање работни групи за подготовка на нацрт-текст на нов закон за енергетика. Министерството за економија во координација со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања треба да формираат работна група која ќе ги координира активностите поврзани со подготовката на нацрт текст на нов закон за енергетика со претставници од кабинетите нa премиерот, вицепремиерот за економски прашања, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика.

Одредбите кои ќе се подготвуваат се однесуваат на пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати и обновливите извори на енергија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски