Повторно гори во близина на селото Кучково во Општина Ѓорче Петров.
Од тоа што може да се забележи, гори планинскиот предел, над куќите покрај селото Кучково.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, пред неколку дена апелираше до граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите, а претседателите на месните заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија, а тоа значи граѓаните активно да учествуваат во гаснењето на пожарите во рамките на своите можности.