Општина Гостивар ги подновува средните училишта за новата учебна година

Од:

Во трите гoстиварските средни училишта се изведуваат работи на реконструкција и поправки на објектите и инсталициите. За оваа намена од општинската каса ќе се издвојат 550 илјади денари.

Според службата за информирање на општина Гостивар, летово, додека трае распустот предвидена е реализација на повеќе зафати со кои треба да се подобрат условите за настава.

– Во средното општинско училиште (гимназија) наскоро треба да отпочне обнова и поправка на системот за централно греење. Работите на овој зафат ќе чинат 313 илјади денари. Во соседниот објектот, во кој е сместено средното економско училиште ќе има интервенции за санација за што ќе се потрошат околу 90 илајди денари, информираат од општината.

Парите за подновувањето на училиштата ќе бидат издвоени од општинскиот буџет. На последната седница на Советот на општина Гостивар, беа одобрени 145 илјади денари, наменети за спортска сала во која ја користат учениците од гимназијата.

Најкрупните зафати се изведуваат во средното техничко училиште, каде во новиот објект се изведува целосна реконструкција на прозорците вратите и подот, Средствата за овој проект вреден З80 илјади евра се обезбедени преки Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија