МЗ: Вчерашната фудбалска вечер без лекарски интервенции!

Од:

Според информациите од дежурните екипи, во текот на вчерашната вечер околу одржувањето на Супер купот на УЕФА, не е регистрирано зголемување на вообичаениот број интервенции.

На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Исто така, и од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции.

Оваа состојба покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Ријад во декември оваа година

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи