Додик: Република Српска и Србија имаат право да се борат да одлучат за својот статус

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вели дека во минатиот век над Србите бил направен погром, а дека во овој век тие треба да го промовираат националното обединување таму каде тоа е можно, бидејќи Србија и Република Српска, додава тој, имаат право да се борат да одлучат за својот статус.

– Такво нешто не е нерегуларно, ниту спротивно со што било, смета Додик, и како пример ги наведе Источна и Западна Германија, кои се обединија кога се создадоа историски услови за тоа.

Како што пренесоа медиумите во БиХ, Додик наведе дека најавената декларација на Србија и Република Српска за опстанок на српската нација, што неодамна беше иницирана на состанокот на Србите од регионот во Нови Сад, на која е заклучено дека треба да се направи обид за дефинирање на тоа што е важно за српскиот национален идентитет и делување на националните заедници.

– Со тоа никој не доведува во прашање ниту една држава, нити нејзиниот територијален интегритет, но се доведуваат во прашање политиките што одат за тоа да се девастира српската национална заедница и нејзините права, рече Додик пред новинарите во Бања Лука.

Тој потсети дека е договорено парламентите на Република Српска и на Србија да се изјаснат за декларацијата кога таа ќе биде подготвена, а тоа може да се случи во ноември.

-Тоа е корисно, вели тој, и тоа ќе покаже дека српските национални заедници не се напуштени.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски