Џафери – Главчев: Договорот за пријателство можност за интензивирање на парламентарната соработка

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Димитар Главчев, кој престојува во кратка работна посета на Македонија при што двајцата се осврнале на можностите за соработка што ги отвора Договорот за пријателство.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакна дека е дојден моментот за отпочнување нова страница во односите меѓу двете држави при што се заблагодари на поддршката која Република Бугарија ѝ ја дава на Република Македонија и за нејзините аспирации за членство во НАТО и во Европската унија.

– Тој, исто така, ја поздрави одличната соработка меѓу претседателите и пратениците на двата парламента во сите последователни мандати и изрази очекување дека таа ќе се интензивира во иднина, особено во светло на потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка од страна на премиерите на Република Македонија и Република Бугарија, рече Џафери, се наведува во соопштението.

Претседателот Главчев, пак, се посочува, изрази задоволство од посетата во Република Македонија, оценувајќи дека со потпишувањето на договорот започнува нова историја во односите на двете држави и искажа уверување дека Народното собрание на Република Бугарија, повторно ќе ја даде поддршката со ратификација на договорот, исто како и поддршката за демократските процеси во Република Македонија и за потпишувањето на договорот.

– Со договорот се отвораат нови хоризонти за соработка на сите полиња, вклучително и меѓу двата парламента на ниво на комисии и групи за соработка, на теми од заемен интерес и особено од интерес на Република Македонија и исполнувањето на критериумите за нејзина евроатлантска интеграција, истакнал Главчев, кој воедно го поканил Џафери да присуствува на ратификацијата на Договорот во Народното собрание на Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“