Аромата и пикантноста на зачините обичното парче месо го прават вистински деликатес …
Потребно е:
1 кг свинско каре
1 полна лажица ким
1 лажица семки од коријандер
сок од 1 помал лимон
250 мл бело вино
20 гр путер
крупна морска сол
свежо мелен бибер
Подготовка:
– Месото измијте го, исушете го и заврзете го со конец.
– Истолчете ги семките ким, коријандер и сол. Сипете ги во плитка поголема чинија и месото увалкајте го од сите страни.
– Во тава на рингла сипете малку масло, додадете го путерот и кога ќе се загрее ставете го месото и испржете го од сите страни. Потоа сипете го виното, почекајте да испари алкохолот и додадете го сокот од лимон. Поклопете и динстајте на тивко околу 1 час. Често полевајте го месото со сосот од тавата.
– По желба пред крај можете да додадете 4-5 моркови исецкани на стапчиња и динстајте додека да омекнат.
– Кога месото ќе биде готово оставете го 10-тина минути, исечете го и послужете.