Здрави и вкусни колачиња …
Потребно е:
3 помали банани
2 лажици семки од тиква
1 лажица сусам
1 лажица семки од лен
1 рамно лажиче цимет
прстофат морска сол
250 гр интегрални чоколадни мусли
џем од кајсии, за полнење
Подготовка:
– Големата тава од рерна и уште една помала тава обложете ги со хартија за печење.
– Во сецко ставете ги муслите, семките лен и тиква и иситнете ги. Внимавајте да не ги направите прав.
– Во поголема чинија со вилушка изгмечете ги бананите, додадете ги муслите, останатите семки и сол. Убаво измешајте и смесата ставете ја во фрижидер за да се стегне.
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.
– Од смесата правете топчиња и наредете ги во тавите. Потоа благо притиснете ги и со прст напрвите дупка во средината. Во секое дупче ставете малку џем од кајсии.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна околу 15 минути или додека да потемнат по краевите.
– Оставете ги да се изладат и потоа послужете ги.