Туристите се предупредени да избегнуваат капење во водата блиску Канарските острови, затоа што има опасни токсични микроалги.
Ширењето на токсичните алги на водата и даде зеленкасто-кафена боја во овој туристички рај.
– Од крајот на јуни имаме епизоди на масовно цветање на микроалгите, кои понекогаш достигаат и до самите плажи, вели Хозе Хуан Алеман, директор на Јавното здравство на Канарските острови.
Оваа алга е привремен феномен, но и предизвикува токсини кои доведуваат до иритација на кожата и дерматитис, па на туристите им се препорачува да избегнуваат пливање во водите кога ќе ја забележат нејзината карактеристична боја.
– Генерално, се уште нема потреба плажите да се затвораат, изјави Алеман и додаде дека островите минатата година примиле 13 милиони туристи.
Изминатите недели затворени се повеќе плажи вклучувајќи ја Тереситас во Санта Круз на островот Тенерифе.
Марта Сансон, професорка по ботаника на Ла Лагуна универзитетот, изјави дека цутењето на алгите е предизвикано од општиот раст на температурата на водата, но и „облакот прашина од Сахара, богат со железо, нутриент кој го обожуваат микроорганизмите“.