Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат преку Антикорупциска да се одложи разрешувањето на Зврлевски

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесоа барање за мислење по однос на примената на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик.

– Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 5 јули 2017 година е се уште во тек, тоа е во спротивност со член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори за градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од опозициската партија во известувањето посочуваат дека очекуваат Антикорупциската комисија во најбрзо време да се произнесе за нивното барање.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски