Пита со тиквички

Од:

Оваа пита е едноставна, а овозможува голем број на варијации на состојките …

Потребно е:
500 гр тиквички
5 јајца
110 мл маслиново масло
120 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
160 гр кравјо сирење
1/2 лажиче сол (количината зависи од соленоста на сирењето)
40 гр сушени домати

Подготовка:
– Тиквичките излупете ги и крупно изрендајте ги. Ставете ги во цедалка, посолете и измешајте. Оставете ги 30-тина минути убаво да се исцедат.

– Јајцата и маслото изматете ги со маслиново масло. Измешајте ги брашното и прашокот за пециво и додадете ги кај изматените јајца. Убаво измешајте и додадете ги исцедените тиквички (кои претходно сте ги исцедиле убаво со раце), исецканите сушени домати и изренданото сирење. Посолете и убаво измешајте.

– Тавата обложете ја со хартија за печење. Сипете ја подготвената смеса и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да добие убава златно-кафена боја. Проверете со чепкалка за заби дали е печена питата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска