Далечните градски дестинации стануваат се попопуларни. Сепак, некои од нив се попристапни од другите.
Според препораките на Поштата на Велика Британија, најповолни градски дестинации за подолг престој се Бангкок, Токио и Пекинг, додека оние со поплитки џепови би требало да ги избегнуваат градовите на САД.
Истражувањето кое го спроведе таа државна фирма ги земаа предвид цените на 11 најчести потреби, вклучувајќи храна, аеродромски трансфер, разгледување на градот и сместување од четири ѕвезди во десет најпопуларни градови оддалечени на барем шест часа лет од Велика Британија.
Во Бангкок трошоците изнесуваат околу 413 долари, односно околу 18 долари помалку во однос на Токио воглавно затоа што сместувањата во Тајланд се поповолни.
Три ноќевања во хотел со четири ѕвезди во Бангкок во просек се 130 долари поевтини од оние во Токио. Сепак, другите цени се многу пониски во Јапонија, отколку во Тајланд.
Храната во Токио е поевтина отколку во другите градови, па така во просек вечера составена од предјадење, главно јадење и десерт со шише локално вино чини околу 44 долари.
За споредба таквата вечра во Сингапур чини 130 долари и воедно е најскапа на списокот.
1. Бангкок 413 доалри
2. Токио 432 долари
3. Пекинг 439 долари
4. Дубаи 471 долари
5.Кејптаун 515 долари
6. Сингапур 533 доалри
7. Вашингтон 657 долари
8. Торонто 798 долари
9. Њујорк 928 долари
10. Бостон 1.074 долари