(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да дебатира за се освен за разрешувањето на Зврлевски

Од:

Петре Шилегов од СДСМ по денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да дебатира за се освен за кривична одговорност за раководството на партијата и за разрешувањето на Марко Зврлевски.

Дали сте подготвени да го прифатите барањето на ВМРО-ДПМНЕ за автентично толкување на изборниот законик во однос на тоа дали треба да се прекине процедурата за разрешување?

Изборниот законик се однесува на органите од извршаната власт, не на Собранието и на законодавната власт. Секое такво, ќе го наречам небулозно барање не е ништо друго освен обид на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ако е можно да одложи или да ја избегне жешката есен што ги очекува пред организиран криминал во Основниот суд Скопје 1.

Каков е вашиот став за предложената иницијатива за интерпелација на министерот за земјоделие, а не се поминати ниту сто дена?

Па тоа е уште еден доказ за она што го говориме денес, можеме да зборуваме за се освен за кривична одговорност на раководството на ДПМНЕ. За се треба да се дебатира освен за разрешувањето на Марко Зврлевски во Собранието на Република Македонија, па макар биле и законите какво што е ова барање за интерпелација. Патем кажано хаосот по институциите којшто е резултат на 11-годишното партизирано и криминално владеење на ДПМНЕ, со натчовечки напори се обидуваме да го надминеме во изминативе два месеци. Не може да биде причина за разрешување на министер од Владата од СДСМ. Тие луѓе, луѓето вработени во институциите со натчовечки напори во изминатиов период успеваат да се справат со пожарите, напоменувам дека ниту специјалните авиони за гасење на пожар не беа функицонални, не работеа се до доаѓањето на новата власт. Правиме се и во надлежните институции се прави се да се надмине таа хаотична состојба која дошла како резултат на непрофесионално, некомпетентно и пред се криминално тендерско работење на сегашната опозиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Шилегов: Дрисла повеќе не го труе Скопје, инвестиравме во здравјето на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме по најновите технолошки стандарди, Скопје мора да продолжи напред

Ана Ололовска

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви

Ана Ололовска