МТСП: Работодавачите да ги почитуваат препораките за работа во топлотен бран

Од:

Министерството за труд и социјална политика информира дека во периодот од 4 до 6 август 2017. година, Државните инспектори за труд – од областа безбедност и здравје при работа, на територијата на Република Македонија извршиле вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавачи за почитување на препораките за топлотен бран. Притоа се донесени 84 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од 11 до 17 часот.

„Државните инспектори за труд вршеа инспекциски надзори кај работодавачи од следниве дејности: градежништвото, земјоделие, отпади, комунални услуги, конфекциски погони и други дејности.

Работодавачите ги добиваат во писмена форма следните препораки, со нагласување дека мора да се придржуваат кон нив, бидејќи во спротивно ќе бидат санкционирани:
-Адекватна вентилација и по можност климатизација во затворен работниот простор.
-Да не работат на отворено за време на најтоплиот период од денот односно во период од 11 до 17часот.
-Промени во организацијата на работниот процес (воведување две смени работа).
-Обезбедување засолништа каде вработените можат да се разладуваат одреден период во текот на работата.
-Почести паузи во текот на работата и консумирање течности.
-Работната облека да биде од лесна порозна ткаенина, а при работа на отворен простор – очила и капи.
-Предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).

Со оглед на тоа што територијата на Република Македонија и денеска се наоѓа во портокалова фаза, работодавачите се обврзани и понатаму да ги почитуваат дадените препораки и да се грижат за безбедноста на вработените во услови на топлотен бран“ информираат од министерството.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Да се затворат прозорци и ролетни, да се внесуваат течности, да се избегнува престој на директно сонце

А1он

Европа се претвора во „печка“: Научниците открија зошто континентот се загрева побрзо од остатокот од светот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Франција луѓето буквално се тепаат за клими низ продавниците

(ВИДЕО) Топлотниот бран што ја пустоши Европа се сели кон исток: Германија, Данска и Франција соборуваат рекорди, десетици жртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во екот на најлошиот топлотен бран досега во Европа, избувна голема расправија околу климите

Катерина Ѓуровски

Топлотен бран во Европа: Рекорди во Велика Британија и Белгија, Франција воведува кризен режим

А1он